Горбачов: Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот ја приграби за себе

Од:

Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот себеси се прогласи за победник, без размислување како тоа ќе го прифати Русија, изјави поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов за германскиот „Велт ам Зонтаг“, пред одбележувањето на годишнината од падот на Берлинскиот Сид на 9 ноември.

– Прво САД себеси се прогласија за победник, тврдејќи го тоа на сите страни, без размислување како тоа ќе влијае на Русија и на односите меѓу Москва и Западот, истакна Горбачов.

Тој оцени дека Западот почнал да се однесува како сè да му е дозволено – да користи сила без одобрение на Советот на безбедност на ОН, да ги крши меѓународните договори, да воведува сопствени термини…

– Наместо да создадоа нова архитектура на заедничка безбедност во Европа, покрената е експанзија на НАТО и сојузниците се прогласија за гарант на мирот на нашиот континент и надвор од него, истакна Горбачов.

Тој оцени дека Западот не го мина тестот на новата епоха. – Тоа е корен и причина за сите денешни проблеми, смета Горбачов и заклучи дека сега политичарите стануваат свесни дека изолацијата на Русија на сите им наштетува.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија