(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски избега од избори во декември, се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз

Од:

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори. Тоа што Мицкоски не прифати избори во декември кажува дека се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз. Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Во изминатите 2 години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против рефромите, против напреодкот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Единствените кои се радуваа на историската грешка на Самитот во Брисел беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои 11 години ја држеа земјата во изолација, далеку од демократскиот свет.

За две години ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту една идеја, нема програма, ниту визија. Тие нудат само обнова на режимот и криминалот.

Ние сме со граѓаните постојано на терен. Од нив ја црпиме силата, со нив заедно на 12 април ќе го потврдиме патот по кој одиме.

Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните.

Граѓаните не сакаат и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на режим, криминал и неизвесност.

На 12 април одиме на голема победа за да продолжиме по вистинскиот пат.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница