(ВИДЕО) Макрадули: Мегаломанската и скапа зграда на Водовод ќе стане културен центар

Од:

Денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од „Сојузот за иднината“, Јани Макрадули, промовираше проект од изборната програма пред новата голема зграда на „Водовод и канализација“.

Во својата програма, предвидел зградата на Водовод да биде доделена на Независен културен центар, како и сите НВО-а што соработуваат со Град Скопје.

„Оваа мегаломанска, скапа зграда, ќе биде доделена на Независен културен центар, како и на оние НВО кои соработуваат со градот„, рече Јани МакрадулиОваа мегаломанска зграда ќе се додели на независниот културен центар“, рече Макрадули.

Вакви примери како овој проект на Јани Макрадули има во Загреб и центарот за независна култура и млади ПОГОН, Метелкова Место во Љубљана, Берлин, Париз, Амстердам, Хаг и делумно Лондон.

Центарот за независна култура и млади ПОГОН, но и на Метелкова Место во Љубљана, Берлин, Париз, Амстердам, Хаг и делумно Лондон.

„Освен што се планира отворање на ваква хибридна институција, ќе се формира и посебен сектор во рамките на Град Скопје, за програмска и структурна поддршка на независниот културен сектор, со посебна буџетска стапка.

Тоа е институција втемелена на граѓанското и јавното партнерство.Овој предлог не е само давање на простор на независниот културен сектор туку и исчекор кон еден нов, ефикасен, динамичен и демократски модел на институција од сферата на културата (бидејќи досегашните институции од културата се гломазни, затворени и неефикасни)“, изјави Макрадули.

Со ова, вели, ќе се постигне внатрешна кохезија на независниот културен сектор и да ќе обезбеди форум преку кој ќе се артикулираат неговите позиции, потреби и потенцијали. Придобивка би било и зајакнување на видливоста и влијанието на независниот културен сектор во Скопје.

„Ова е по мене клучна компонента на Скопје да му се врати украдениот дух, крупен чекор кон враќањето на лидерството на Скопје во културната сфера, да се придонесе на процесите за демократизација на јавната сфера и да се започне дијалог со релевантните институции и со поширокиот граѓански сектор“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ