Поранешниот лидер на Сириза најави ново движење за излез од еврозоната

Од:

 Поранешниот лидер на Сириза, Алекос Алаванос најави формирање на движење кое ќе води кампања за излез на Грција од еврозоната, јави дописникот на МИА од Атина.

– Сите земји имааt план Б за Грција, само Грција нема план Б дали треба да го напушти еврото, изјави Алаванос за телевизијата Скај.

Тој информира дека движењето ќе се u;estvuva на изборите за Европскиот парламент во 2014 година и ќе заговара враќање на драхмата.

– Ако Грција требаше да излезе од Европската унија, тогаш ќе ни беше многу подобро надвор отколку што ни е денеска и никогаш немаше да мораме да дојдеме до оваа точка. Ниту една земја никогаш не успеала да излезе од криза со „тешка“ валута. Еврото е тешка и скапа валута, рече Алаванос и соопшти дека неговото движење ќе се залага и за национализација на банките

– Лудост е да се има иста валута како Германија, кога Германија, за разлика од нас, има стабилна економија, нагласи поранешниот лидер на Сириза.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит