СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка со најсрамна листа за советници

Од:

Кривопаланчани се непријатно изненадени од понудата која владејачката ВМРО-ДПМНЕ им ја нуди во листата за кандидати за совет на општина Крива Паланка. Од СДСМ Крива Паланка, велат досега ваква катастрофална листа никогаш никоја партија нема понудено пред избирачите.

„Замислете овие луге доколку ги избереме утре треба да предлагаат проекти и управуваат со локалната самоуправа, дел од нив ги видовме веке во предходните три мандати, сега гледаме дека пак се кандидираат, па не знаеме дали толку им се допаѓа функцијата советник или пак месечниот паушал од близу 12.000 денари.

lista-dpmne-palanka

– Гледајќи ја листата прв впечаток ни остава тоа дека е правена само за да ги задоволи финансиските потреби на одредени активисти и активистки кои партијата уште ги нема вработено па сега како замена ги става на оваа листа што пак е сосема погрешен и несериозен чекор. Впрочем овие аматери доколку ги гласаме ке бидат носечки столб на локалната самоуправа, како ке се снајдат во вршење на оваа функција само господ знае“, реагираат од СДСМ.

„Другиот дел од кандидатите се состои од: трчи – лажи банкари, полначи на гориво, од срамно посрамно, каква врска имаат тие со решавање на локалните проблеми, никаква, потоа искусни шверцери и сменети директори како и разрешени координатори кои во моментот имаат задача да преку социјалните мрежи плукаат по се што не е вмровско.

Дека во ВМРО-ДПМНЕ, Крива Паланка непотизмот има пуштено големи корења е примерот каде мажот е директор, сопругата исто така директор, синот нововработен и веднаш поставен заедно со идниот зет на листата за советници, нешто за што гласно се зборува и негира и во самиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ но обичното членство никој не го слуша.

Со оваа листа, велат кривопаланчани ВМРО-ДПМНЕ си поигрува со нашата интелигенција, па зар мислат дека некој ке ги гласа овие кандидати, нека си ги гласаат нивните фамилии, нас вакви советници не ни требаат“, велат од СДСМ, по огорчените реакции на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226