ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт

Од:

„Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт. Никогаш да не се повтори ваков грабеж и распродажба на националните интереси.

Никогаш да не се повтори ваква расипничка, неспособна и измамничка влада. Никогаш да не се повтори Зоран Заев и неговиот криминален картел.

Македонија и нејзините граѓани не заслужуваат да бидат потценувани и казнувани заради арамии кои за пусти пари би се откажале од се што е свето.

Владата на Зоран Заев и крими ликовите околу него падна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега е неопходно обединување за обнова на Македонија. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за Рекет, крвавите тендери, криминалните иновации. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за ниската откупна цена и проблемите со откупот на земјоделските производи, за земјоделците кои во скинати патики работат по нивите додека министерот им доаѓа на протест во брендирана гардероба.

Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за милионските задолжувања без ниту една капитална инвестиција.

Сега е време да му се каже на Зоран Заев дека заминува како најголемиот срам на македонскиот народ. Сега е време да им се порача на сите идни корумпирани ликови кои со лаги и измами планираат да дојдат на власт дека народот е мудар и казнува.

На Македонија и требаат чесни и честити политичари. На Македонија и треба обнова“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ