Куманово: Ѓорѓиевски го посети Центарот за јавно здравје

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓориѓиевски го посети Центарот за јавно здравје, при што истакна дека установата е многу важна за доброто за граѓаните и за квалитетот на животот.

-Центарот за јавно здравје врши контрола на многу работи, за кои нашите граѓани не се запознаени дека се работат. Тие се неправедно ставени во сенка, а тоа се нашите чувари во сенка за здравјето. Овде се врши контрола на квалитетот на водата секојдневно, со пет – шест контроли и во случај на некоја аномалија се дава аларм за дезинфекција на водата.

– Сега им посветивме внимание бидејќи во поплавите кои беа пред десетина дена, неправедно беа запоставени на страна, а на терен беа многу активни. Благодарение на нив во селата Клечовце, Јачинце, Довезенце, Пчиња, Шупли Камен, е направена контрола на водата која беше загадена, правеа хлорирање на бунарите, на пумите – изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека како иден градоначалник секогаш ќе биде отворен за соработка со вработените од Центарот за јавно здравје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука