Трајановски и Куновска го промовираа проектот за натамошно проширување на „Митрополит Теодосиј Гологанов”

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Карпош, Коце Трајановски и Јагнула Куновска, заедно со носителите на советничките листи Владо Поповски и Сашо Лазаровски, денеска го промовираа проектот за продолжувањето со проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Станува збор за третата фаза од реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потег во должина од околу 1.200 метри од крстосницата со булеварот „8 Септември“ и улицата „Братфордска“ до улицата „Московска“ кај студентскиот дом Гоце Делчев.

– Со проширувањето, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” на овој потег ќе добиеме модерно сообраќајно решение со 4 сообраќајни ленти, нови тротоари, улично осветлување и коридор за гасовод, а проценетата вредност за реализација на овој проект изнесува 60 милиони денари, изјави Трајановски.

Претходно, Градот Скопје во две фази ја прошири и реконструира булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” на потегот од крстосницата со улицата „Костурски Херои“ и „Кирил и Методиј“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ и улицата „Братфордска“, во вкупна должуна од над 2.700 метри. Дополнително, посочи Трајановски, на крстосницата со улицата „Костурски Херои“ и улица „Кирил и Методиј“ (кај Католичката црква) беше изградена модерна кружна крстосница која значително го олесни одвивањето на сообраќајот во овод дел од градот.

Во изминатиот период покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ беше изграден и паркот „Македонија” на површина од 30.000 метри квадратни. Со продолжувањето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” ќе биде продолжен и паркот „Македонија” кој би требало да има вкупна површина од околу 70.000 метри квадратни.

Трајановски потсети и дека во изминатите 4 години на територијата на Карпош реализирале голем број проекти, кои како што нагласи, говорат за нивната ангажираност и посветеност за подобрувањето на животот на жителите на општината.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски