Куманово: Дамјановски ги посети Бедиње, Режановце и Лопате

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски и советниците од листата на Сојузот на иднината, синоќа се сретнаа со жителите на населбите, Бедиње, Режановце и Лопате.

Градоначалникот Дамјановски на присутните граѓаните им ја презентираше изборната програма и ги потсети дека во првиот мандат фокусот му беше решавање на проблемите во ценарот на градот, а во вториот на проблемите од приградските населби.

-Во Бедиње за десетина дена ќе се доврши водоснабдувањето кое беше актуелно во послените години. Исто така ќе се заврши и проектот со канализационата мрежа на потегот од касарната до главниот колектор до реката, со што ќе се реши проблемот со поплавите што беа присутни изминатите години.

– Во програмата за оваа година е планирано и асфалтирањето на една улица во населбата и со тоа ќе го заокружиме циклусот за оваа година. Не го забораваме и проектот кој го започнавме пред неколку години, но застана поради нерасчистени имотно-правни односи, а тоа е изградбата на тротоарот на главната улица од црквата. Се надевам дека во новиот мандат ќе го решиме и тој проблем, бидејќи е значаен за безбедноста на граѓаните – изјави Дамјановски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“