Средба на градоначалникот на Охрид со претставници на ОБСЕ

Од:

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска оствари средба со делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Герт Ахренс и Карола Касбург, на која било разговарано околу текот на изборната кампања и залагањето за фер и демократски избори.

Притоа градоначалникот Петрески и кандидат за трет мандат на коалицијата „Заедно за Македонија“ ја искажал својата желба за мирно спроведување на кампањата и изборите и без нерегуларности на самиот изборен процес.

Инаку, во насока на спроведување фер и демократски избори кандидатите за градоначалници на општина Охрид утре ќе го потпишат „Кодексот на однесување за слободни и фер избори“, организиран од Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.

Во Кодексот е потенцирано дека слободните и фер избори се камен-темелник на демократијата. Сите партии и кандидати се еднакви пред законот, должни се јавно да го осудат насилството и заплашувањето, ќе ја потенцираат тајноста на гласот, а мора да преземат и чекори за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“