Илјадници автомобили синоќа останаа блокирани во југоисточниот дел на Англија поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа.
Колонота од возила беше со должина од над 50 километри.
Поради студената воздушна маса од Русија и од скандинавските земји температурата на воздухот во Јужна Англија вчера се спушти под нула степени Целсиузови. Во многу реони паѓаше обилен снег, а поради недостиг од техника за чистење на снег, беше предизвикан сообраќаен хаос.
Во прекин се е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и фериботите кои ја поврзуваат Велика Британија со континентална Европа.
Синоптичарите соопштија дека во некои реони на Југоисточна Англија синоќа биле измерени минус седум степени. Толку студено време во март во земјата немало од 1986 година. Се предвидува дека студеното време ќе биде до четврток.