Руска делегација на средба со Асад

Од:

Руска делегација денеска во Дамаск разговараше со претседателот на Сирија, Башар ал Асад за решавање на кризата во североисточниот дел на земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Главна тема на разговорите беше актуелната ситуација на теренот во Сирија поради зголемените тензии во североистичниот дел на земјата, се наведува во соопштението.

На средбата посебно е истакната потребата за преземање мерки за деескалација на тензиите со цел да се осигура безбедност во тоа подрачје.

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, ја покрена операцијата Извор на мирот против курдските сили. Анкара истакна дека цел на операцијата е да создаде „тампон зона“ за заштита на турската граница, во која би можеле да се вратат сириските бегалци од Турција.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс и американскиот државен секретар Мајк Помпео на 17 октомври во Анкара постигнаа договор за петдневен прекин на турската офанзива во североисточна Сирија.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски