Грант од Јапонија за општина Кочани

Од:

Општина Кочани доби грант од Владата на Јапонија во рамки на активностите за поддршка на мали проекти. Се работи за средства во износ од 51.500 евра за проектот набавка на возило за смет за општина Кочани.

– Набавката на возилото е од големо значење за решавање на проблемот за собирање на комуналниот смет во општината и ќе овозможи подобрување на квалитетот на животната средина, вели градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Целта на Владата на Јапонија е да помогне во унапредувањето на образовните и санитарните услови како незаменливи за создавање основни животни услови за целото население.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена