Едно лице загина откако авион со 42 патника се лизна од пистата во Алјаска, соопштија локалните власти.
Во авионот на компанијата „Пенинсула ервајс, кој полетал од Енкориџ, се наоѓале 39 патници и тројца членови на екипажот.
– За време на слетувањето, авионот се лизнал од пистата и во тој момент загина 38-годишен маж од државата Вашингтон, соопшти полицијата.
Истрагата за причините за инцидентот е во тек.