Русија и Никарагва разбија мрежа за трговија со дрога

Од:

Русија и Никарагва разбија мрежа за трговија со дрога, преку која бил доставуван кокаин во Европа и која била раководена од мексиканскиот наркокартел Сетас.

Во операцијата, спроведена на територијата на Никарагва биле конфискувани околу 1,2 тони кокаин.

Полицијата во Никарагва со помош на руските власти упаси 26 осомничени членови на криминалната група, поврзани со нигаракванскиот бизнисмен Хенри Фаринас, кој минатата година беше осуден на 30 години затвор за трговија со дрога и перење пари.

Меѓу уапсените е лидерот на наркомрежата, Мексиканецот Мартин Санчес Флорес, познат како Капо.

Русија и Никарагва минатата година потпишаа спогодба за соработка во борба против трогвијата со дрога.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски