Куманово: Кандидатите за градоначалници на дебата

Од:

Утревечер во зградата на Комитет ќе се одржи политичка дебата, на која што ќе присуствуваат кандидатите за градоначалници на Куманово.

На дебатата ќе учествуваат седум кандидати, меѓу кои и градоначалникот Зоран Дамјановски (СДСМ), Зоран Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за подобра Македонија), независниот кандидат Виктор Цветковски, Ариф Латифи (ДУИ), Фатри Селиу (НДП), Халил Куртиши (ДПА) и Предраг Божиќковиќ (СНП).

На настанот ќе присуствуваат и претставници од странски амбасади, луѓе од невладиниот сектор и многу други.

Организаторите на дебатата Младите Европски Федералисти на Македонија сметаат дека политичката дебата и аргументираното конфронтирање на претедентите за народниот глас е составен и неопходен дел од демократското уредување на едно општество.

Целата дебата ќе може да се следи и преку интернет.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“