Горбачов: Русија и САД да преговараат за нуклеарното оружје

Од:

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов денеска предупреди дека светот се движи кон „опасна ера на милитаризирана политика“ и ги повика Москва и Вашингтон итно да разговараат за контрола на нуклеарното оружје.

– Постојат опасни трендови – сите се на видик. Јас би издвоил два. Тоа се непочитување на меѓународното право и милитраризацијата на светската политика, изјави Горбачов за рускиот весник „Известија“, пренесува Танјуг.

Горбачов оцени дека откако САД и Русија се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, потпишан во 1987 година, преговори меѓу Москва и Вашингтон се уште поитни.

– Се покажа дека тој договор беше најважниот столб на стратешката стабилност. Потребни ни се разговори, со цел неговото пропаѓање да не ја зголеми заканата од војна, потенцира Горбачов.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина