Уапсено лице од тетовско Копанце, кај кого се пронајдени пушка, пиштол и куршуми

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Б.З. (32) од тетовското село Копанце, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,65 милиметри.

МВР денеска информираше дека З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва