Николиќ по средбата со Ештон во Брисел: Приштина попушти, блиску сме до договор!

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ објави дека Приштина попуштила и дека во рамките на состанокот кој тој и српскиот премиер Ивица Дачиќ, како и вицепремиерот Александар Вучиќ во Брисел го имаа со европската шефица на дипломатијата Кетрин Ештон, добиле ветување за некако вид на независнсот на српската заедница во северно Косово.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, по тричасовни разговори, Николиќ пред новинарите изјави дека официјална Приштина попуштила и дека договорот со посредство на Европската унија се очекува да биде потпишан на 20 или најдоцна на 28 март. Според информациите, степенот на надлежност на заедницата на српските општини на северот на Косово била тема на вечерашниот состанок на српскиот државен врв со шефицата на европската дипломатија.

– Приштина, која досега инсистираше секое решение да мора да се вклопи во нивните законски рамки, сега попушти. За десетина дена ќе биде потпишан договорот! – посочи српскиот претседател по завршувањето на состанокот кој се одржа во зградата на Европската дипломатска служба (ЕЕАС).

Според Николиќ, европската неофицијална министерка за надворешни работи не изнела никаков документ на оваа средба, но потврди дека се разговарало за промена на законите што ги донеле властите во Приштина, дека идната српска заедница на Косово нема да може да носи сопствени закони ама дека ќе имаат свои правила во однос на законите што ќе се однесуваат на нив, како што според Николиќ, тоа е случај со многу такви заедници во Европа.

– Во секој случај, она што е сигурно е дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, додаде српскиот претседател.

Ештон, пак, по средбата истакна дека со српскиот државен врв имала отворен и значителен разговор, при што бил разгледан напредокот од досегашниот дијалот, посебно во врска со спроведувањето на веќе постигнатите договори и потребата за финализирање на разговорите за отворените прашања.

– Ова особено важи за северно Косово, а во поглед на следниот состанок во рммаки на дијалогот за нормализација на односите, закажан за 20 март во Брисел. Јас вечерва им посочив на моите соговорници дека е најважно што поскоро да се затворат отворените прашања, посочи Ештон, додавајќи дека во согласност со заклучоците на декемврискиот Самит на Европскиот совет, таа ќе поднесе извештај до Советот за постигнатите договори и нивната имплементација во следниот месец.

Овој состанок во европската престолнина се одржа на иницијатива на ЕУ, откако стана јасно дека дијалогот Белград-Приштина се закочи на прашањето за овластувањата на српските општини во северниот дел на новоформираната држава на Балканот.

Во рамки на овој дијалог, предвидени се уште две рунди разговори меѓу Србија и Косово и тоа на 20 март и 6 април (ако претходно не биде постигнат договор), додека за 16-ти април е планирано баронесата Ештон да го извести Советот на министри на Унијата за резултатите од дијалогот и да даде препорака дали на Србија треба да и се одобри датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски