Обединетата македонска дијаспора на 12 април во Вашингтон организира македонско американска лидерска конференција, на која ќе присуствуваат лидери на разни македонски културни, бизнис и верски организации од Америка.
– Конференцијата МАКЛ2013 преставува единствена можност за македонските лидери во САД да се соберат на една централна локација со цел да остварат контакти и да научат за тоа како да ги водат своите организации, да собираат средства, како и за тоа како најдобро да ја претставуваат нивната заедница. Целта на конференцијата е да се поттикнат сите македонски лидери, особено младите, да се активираат во општеството преку граѓански ангажмани и да помогнат на Македонија и на односите помеѓу Македонија и САД преку едуцирање на јавноста, изјави директорот на ОМД за операциите во САД Трајко Папучкоски.
Во рамките на конференцијата предвидени се состаноци на учесниците во американскиот Конгрес, како и обука во областа на маркетингот, собирањето средба и мобилизирање на македонската заедница. Од ОМД најавуваат и прием со собирање средства за поддршка на поплавените населени места во регионот на Струмица. Лидерската конференција МАЛК2013 е отворена за заинтересираните учесници.