(ВИДЕО) Јовановски: ВМРО-ДПМНЕ го згреши слоганот, требаше да им биде: „Избери злодела“

Од:

„Граѓаните треба да покажат дека им е навистина доста. Да го покажат својот отпор кон кршењето на Уставот и на законите и кон ова душманско трошење кое го прави власта“ , порача Зоран Јовановски, потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средбата со граѓаните во населбата Македонка во Штип.

Од населбата Македонка Зоран Јовановски, заедно со раководството на ОО на СДСМ- Штип, се упати кон приградската населба Караорман, каде што кандидатот за градоначалник на Штип, Здравко Коцев, ја презентираше својата програма и проектите што се предвидени за оваа приградска населба.

Зоран Јовановски, се обрати и пред граѓаните на Караорман и ги потсети на „злоделата на оваа власт“.

„ВМРО-ДПМНЕ го згреши слоганот, требаше да биде: „Избери зло дела“, затоа што вакви злодела како што има направено оваа влада во изминатите неколку години не се запаметени во нашата историја“.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“