ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја загрозува европската иднина на државата

Од:

„СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта.

СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата.

Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал.

Република Македонија треба да добие датум за почеток на преговори заради иднината на државата и граѓаните. Но СДСМ во секој случај треба да си замине. СДСМ не е способна да ги преземе реформите кои се нужни, ниту пак може да ја придвижи државата напред.

Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев. Наместо на реформи, се посвети на милионите кои ги вртат семејните фирми.

Со СДСМ и Заев на чело Македонија само доживува неуспеси. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ