Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во северна Сирија, но доколку разговорите не успеат, санкциите против Анкара ќе бидат погубни.
– Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео ќе имаат успешни состаноци во Анкара. Доколку тоа не биде случај, санкциите, царините и другите работи што ги правиме и што ќе ги направиме кон Турција ќе бидат погубни за нејзината економија, рече Трамп на заедничката прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.
Трамп во последните денови беше критикуван за неговата одлука да ги повлече американските сили од североисточна Сирија, по што започна турската офанзива.