Жестоки судири меѓу полицијата и домородните жители во Панама

Од:

Полицијата во Панама се судри втор ден по ред со земјоделците и припадниците на домородното население, поради планот за изградба на брана за која локалните жители тврдат дека целосно ќе го избрише нивниот начин на живот. Демонстрантите го кренаа револтот во населбата Вигу и поставија барикади на пан-американскиот автопат, главната делница кон соседната Костарика.

Локалните жители велат дека хидроелектричната брана Баро Бланко, во близина на границата на провинциите Верагуас и Чирикуи, ќе рассели најмалку 36.000 луѓе. Многу локални жители, главно припадници на домородниот народ, живеат традиционално од риболов долж реката.

Полицијата во полна интервентна опрема ги нападна демонстрантите, кои го блокираа патот. Демонстрантите возвратија со камења и други предмети. “Нарпотоа следеше напад на полицијата”, рече главната претставничка на домородното население во Панама, Силвија Карера. Таа, исто така, посочи дека повредени се луѓе во судирите, но не можеше да потврди дали болниците им пружаиле помош.

Панамските власти сакаат да ги искористат водните ресурси за да почнат со производство на поевтина енергија, и за таа цел веќе некое време го продаваат земјиштето на кое ќе бидат изградени хидроцентралите. Минатата година, исто така избија судири меѓу домородното население и власта па мораше да интервенираат и ОН.

Панама има околу 4,1 милиони жители. Околу 200.000 се членови на домородниот народ. На власт во Панама од 2009 година е претседателот Рикардо Мартинели, панамски бизнисмен од италијанско потекло. Доаѓа од популистичка партија на центарот “Демократски Промени”. Документот на Викиликс од 2010 година открива дека, Мартинели од САД побарал за него, да ги прислушуваат неговите политички противници. Во тајната преписка која ја објави Викиликс, американската амбасадорка во Панама Барбара Џ. Стивенсон, го нарече Мартинели “насилнички тип со автократски тенденции.”

Никој не знае колку всушност компании поседува Мартинели, но се знае дека е претседател на управата на синџирот панамски продавници “Supermercados 99”.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска