Во Холандија уапсен маж кој киднапирал и држел во изолација шестчлено семејство

Од:

Педесет и осумгодишен маж е уапсен откако холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во изолација. Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица.

Како што пренесуваат медиумите, тој изнајмил семејна куќа во која семејството, петмина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко, ги држел затворени во една соба девет години.

Неговиот идентитет не се наведува. Тој ќе биде обвинет за киднапирање.

Како што пренесуваат локалните медиуми, семејството го чекало „крајот на светот“, живеејќи во изолација на имот кај селото Руинерволда, северна Холандија.

Тие се откриени кога еден нивни член, најверојатно најстариот брат, избегал и побарал помош во ресторанот во близина.

Браќата преживувале хранејќи се со зеленчук и животни што ги одгледувале на имотот.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина