Андреа Мирческа ја доби наградата „Златен орикс“ за млад џез-музичар

Од:

Басистката Андреа Мирческа ја доби годинашната награда за најдобар млад џез-музичар „Златен орикс“ што ја доделува „Катар ервејс“ – авиокомпанија поддржувач на Скопскиот џез-фестивал кој своето 38-мо издание ќе го има од утре до 20 октомври.

„Златен орикс“ се доделува трета година, а Мирческа е прва жена што ја добива. Претходните две години признанието го добија пијанистот/клавијатурист Филип Димишковски и тапанарот Виктор Филиповски.

– Среќна сум што годинава сум добитник на оваа награда. Особено што мислам дека признанието доаѓа во време кога сè уште сум на почетокот на мојата музичка кариера, што е индикација дека го направив вистинскиот избор кога станува збор за музиката. Оваа награда ќе биде поттик да продолжам да работам на мојот сопствен развој и да понудам нови и квалитетни проекти, изјави Мирческа за наградата која ѝ беше врачена вчера.

Таа студира џез-контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски, каде во моментот е дипломец. Веќе стекна значително искуство во џезот преку повремени настапи со групата „Летечки пекинезери“, а воедно беше дел од музичкиот фестивал во Сараево, учествуваше и во голем број концерти на Јордан Костов трио.

Покрај редовните настапи на клупските џез-свирки во Скопје и другите градови во земјава, таа моментно е вклучена во најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Вклучена е и во многу уметнички проекти, како што се ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомб Лабаво и Фанки и други.

Од „Катар ервејс“ соопштија дека се горди што ги поддржуваат наградите кои придонесоа за развој и популаризација на џезот кај музичарите и пошироката јавност.

– Се надеваме дека годинашниот добитник на наградата ќе биде дополнителна мотивација за другите музичари да се фокусираат на оваа насока и да создадат квалитетна џез-музика. „Катар ервејс“ е тука за да ги препознае и вреднува нивната напорна работа и квалитет, изјави Алтај Шабан, комерцијален директор на оваа авиокомпанија.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска