(ВИДЕО) Груевски: Народот ја дава довербата на оној што гради, а не на оној што гo замајува

Од:

Македонија се сака со дела. Граѓаните сакаат да видат дела и народот знае на кого да му даде доверба,  на оној што гради, што создава, што ветува и остварува, на оној што реализира ветување, има сериозен пристап и ги почитува граѓаните.

Вака ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Бутел по третпат ја побара довербата на граѓаните за својот кандидат за градоначалник на оваа општина Петре Латиновски. Зад себе има реализирани многу проекти во општината. Програмата што ја понудил во претходните мандати ја има остварено со 200 проценти.

Изградени се над 20 километри водоводна мрежа, четири резервоари за вода, спортски сали, реконструирани улици, изграден кружен тек, реконструирани училишта, тениско игралиште, реконструирани многу улици. Тоа што Петре го ветува, тоа и го исполнува и тоа е гаранција за новите негови ветувања. Ако тој два мандата извршувал тоа што ветил нема причина тоа да не биде така и во третиот мандат. Има доволно енергија и затоа ја не се сомневам во проектите наведени во неговата програма, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски вечерва на митинг во општина Бутел.

Тој додаде дека таков градоначалник му треба на Бутел, кој општината ќе ја води напред и кој ќе ги решава сам проблемите.

– Го гледам деновите во изминатата недела нашиот политички конкурент СДСМ и го гледам нивниот претседател Бранко Црвенковски како се мачи човекот како да ги мотивира неговите членови. Не може да ги мотивира со проекти, со програми, па си ги лаже ама си вика може на ова ќе поверуваат.  Забележавте ли во една цела недела не спомена еден единствен проект. Еден единствен проект од него да излезеше да кажеше, како јас што кажав сега. Цело време приказната е дека ќе имало избори и тоа му е единствената шанса да го мотивира членството да излезе на гласање, затоа што не дај боже да спомне некој проект ќе го утепа и тој што го кандидира за градоначалник. Нема проекти, нема дела, само режимот, демократијата и тоа е приказната, истакна Груевски.

За вчерашната изјава на Црвенковски дека нема да се повлече, Груевски истакна дека тоа е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за Македонија и за СДСМ.

–  Гледам вчера изјавил дека нема да се повлече. Кој знае по кој пат кажа дека ќе се повлече па нема да се повлече. Па едно време пак ќе каже дека ќе се повлече. Па пак ќе се јави некој како Андреј Петров дека нема да му дозволи. Па пак ќе излезе дека нема да се повлече. Тоа е Бранко Црвенковски. Си го знаеме. Тоа што вчера го кажа дека нема да се повлече, независно дали реално го мисли или не,  бидејќи никогаш не се знае со него, но да замислиме дека навистина тоа го планира тоа е добра вест за ВМРО ДПМНЕ, но тоа е лоша вест за Македонија и за СДСМ. Но нека му ја мисли СДСМ, за СДСМ. Ние да тераме напред заедно со граѓаните. Народот знае на кого да му даде доверба, на тој што гради, создава, на тој што ветува и остварува, на тој што реализира ветувања, на тој што има сериозен пристап и ги почитува граѓаните, а не ги замајува. Не им вели по еден вработен во семејство или какви не други манипулации. Конкретно со дела, особено како оние што имаа шанса да покажат и покажаа, рече Груевски.

Латиновски порача дека ќе ја издржи борбата и тоа не само едно полувреме туку цел натпревар, но оти ќе победи уште на 24 март.

latinovski-bina-087

– По третпат застанувам пред вас затоа што сметам дека само со дела можат да го оправдам вашиот глас и партијата која ме предлага да бидам градоначалник на Бутел. Со дела се сака Македонија, се друго е гола политика, порача Латиновски.

Тој ги наведе проектите од својата програма, посочувајќи дека ќе се отвори нова индустриска зона, во која ќе се вработат 4.000 лица.

Доверба за Латиновски, и за себе на митингот во Бутел порака и кандидатот за градоначалник на  Скопје, Коце Трајановски.

тој потенцира дека голем број од проектите спроведени во Скопје се реализирани во општината Бутел. За реализираното, потенцира, говори и отчето што го даваат пред граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва митинг одржува и во скопската општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар