Фабиус: Сириските бунтовници имаат потреба од оружје

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус денеска изјави дека Европската унија наскоро ќе треба да го разгледа прашањето за вооружување на сириските бунтовници, кои имаат недостиг од огнена моќ во борбата против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими, сепак, истакна дека без политичко решение постои опасност Сирија да западне во потешка положба од Сомалија.

Фабиус и Брахими, своите изјави ги направија пред крајот на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, на кој не беше донесена одлука за промена на ембаргото, за достава на оружја врз Сирија.

Според Фабиус има дисбаланс меѓу режимот на Асад, кој добива моќно оружје од Иран и Русија, и сириската национална коалиција што нема такво оружје.

– Прашањето за ембаргото на оружје, што беше покренато пред неколку недели, ќе мора наскоро да биде повторно отворено, бидејќи ние не можеме да прифатиме таков дисбаланс што води до убивање на населението, изјави Фабиус.

Брахими нагласи дека министрите за надворешни работи од ЕУ се силно загрижено за судбината на Сирија.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица