САД ја повикаа Кина да помогне околу Северна Кореја

Од:

Високиот претставник на американското Министерство за одбрана, Рендал Шрајвер, денеска изјави дека САД сакаат Кина да ги поддржи американските санкции кон Северна Кореја и да преземе други чекори за Пјонгјанг да се присили да биде поконструктивен во преговорите со Вашингтон.

Помошник министерот за одбрана, задолжен за Азија, кажа дека во примената на санкциите имало пропусти од кинеска страна, особено кога станувало збор за контролата на трансферите на забранета стока од брод на брод во сопствените територијални води.

-Сакаме подобро да работат. Минимумот е примена на санкциите, но има и други начини Кина да помогне за да се изврши притисок врз Пјонгјанг да биде поконструктивен во преговорите, доколку тие продолжат, рече Шрајвер за британските медиуми.

Тој зборуваше на собир во организација на Фондацијата Џејмстаун, на кој стана збор за американските напори за заживување на преговорите, за Северна Кореја да се убеди да се откаже од нуклеарното оружје.

Кина е северен сосед и главен сојузник на Северна Кореја, но е и потписник на острите американски санкции кон Пјонгјанг. Пекинг, меѓутоа, бара САД да применат поблаг пристап во дијалогот и да го разгледаат ублажувањеот на санкциите кон Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски