ВИДЕО: СДСМ во Штип започна со втората фаза од проектот „Отвори врата за иднината“

Од:

Штипските социјалдемократи од денес ја официјализираа кампањата за промоција на кандидатот за градоначалник и на советничката листа.

Според утврдената агенда, втората фаза од проектот „Отвори врата за иднината“ го започнаа во населбата Македонка и во приградската населба Караорман. Дваесет тима ги посетија домовите на жителите од овие две населби и до нив ја дистрибуираа програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ.

„Ние веќе еднаш поминавме овде. Тогаш беше проектот од врата до врата. Тогаш им ветивме на луѓето дека ќе се вратиме уште еднаш. Дојде тој ден Денес сме овде да им ја понудиме нашата програма, да им кажеме што сме замислиле за овој дел на градот и за градот Штип“, изјави кандидатот за градоначалник, Здравко Коцев.

stip-sdsm-vrata (1) stip-sdsm-vrata (2) stip-sdsm-vrata (3) stip-sdsm-vrata (4)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија