Трпковски: Сопиште заслужува одговорен градоначалник и верен општински совет

Од:

Со програма во која има 79 проекти, со кои ќе се поттикне развојот и напредокот во сите сфери во општина Сопиште, ја побара поддршката на 24 март од жителите на оваа општина кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Стефче Трпковски, вечерва на митинг во општината.

– Во програмата нема вишок зборови и лажни ветувања. Секој збор е одмерен, а ветувањето реално, порача тој.

Трпковски истакна дека граѓаните на општина Сопиште заслужуваат одговорен градоначалник и верен општински Совет кој ќе работи за потребите на граѓаните.

Пратеникот во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев потенцира дека општина Сопиште ќе добие човек кој е домаќин, посветен  и кој ја сака оваа локална самоуправа. Според него тој е лојален, стабилен и добар, а Сопиште ќе добие одличен градоначалник.

Ѓорчев потенцира дека и во кризни и во најтешки времиња Владата на Никола Груевски е одговорна, реализира инвестиции и отвора фабрики.

СДСМ, како што рече, зборува за општи теми, за демагогија и реченици кои ги слушаме 20 години, уште од време на транзицијата и приватизацијата.

На поддршка за Трпковски на митингот повика и министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој посочи дека градоначалник кој нема целосна поддршка и од Советот ќе наиде на многу проблеми, уценувања и предизвици. – Затоа мора сите одлучно да го поддржите Стефче Трпковски и советничката листа. Ние очекуваме дека на овој начин најдобро ќе можеме да одговориме на сите проекти што се ставени во програмата за следниот период. Она што е клучно за нас е да го задржиме принципот на отчетност и отвореност за се она со кое сме настапиле пред вас и за што сме ја побарале вашата доверба, рече Попски и додаде дека во секој момент се отворени за сугестиите на граѓаните.

Вреднувајте го она што сме го направиле, порача Попоски,  вреднувајте ги делата, но и ентузијазмот со кој настапуваме.

 – За Македонија нема друг пат, освен патот кон нов напредок. Кон нови дела за подобра Македонија и за подобра општина Сопиште, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар