(ВИДЕО) Шеќеринска: Секој трет човек во Македонија е сиромашен, а буквално секој е презадолжен

Од:

„На 24-ти март да добиеме локална власт каква што граѓаните заслужуваат, а со тоа да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори“, порача пратеничката Радмила Шеќеринска на собирот кој го организираше Сојузот за иднината предводен од СДСМ во Тетово.

„Секој трет човек во Македонија е сиромашен, а буквално секој е презадолжен. Амо мислите дека сте „раат“ бодејќи немате земено кредит, не грижете се, Груевски и за вас зел кредит“, рече Шеќеринска.


На митингот во населбата „Пефчина“ зборуваше и кандидатот за градоначалник на Тетово Ивица Зориќ кој изјави дека потекнува томку од стариот дел на Тетово и ги знае проблемите на граѓаните.

„Се надевам дека ќе излеземе во голем број и дека ќе победиме, бидејќи тоа не се само локални избори, туку и избори за подобро утре на Македонија“, рече Зориќ.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука