(ВИДЕО) Стоилковски: Семејните компании на Заев вртат над 56 милиони евра годишно

Од:

„Семејните компании на Зоран Заев вртат над 56 милиони евра годишно. Тоа се 56 милиони причини и сомнежи за корупција.

Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција и влијание на економските текови на државата. Во овој случај, најмалку 12 компании на кланот Заеви, може да бидат причина за корупција и за насочување на државните економски текови. Ваквата состојба, отвора можност економските политики на државата да се креираат соодветно на бизнис интересите на компаниите на функционерите. Се остава можност за штелување на условите на државните тендери, да се приспособуваат во однос на капацитетот на овие фирми“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Примери за ова има многу, од тендерите во здравството директорка – ќерка дели тендер на татко – бизнисмен, преку примерот со вицепремиерот Анѓушев и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации за тоа колку семејни компании имаат јавни функционери, но најекспониран е примерот на Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство.

Да потсетиме, Советот за јавни набавки е укинат, односно нема контролен механизам за проверка на сите тендери, лиценци и договори што ги добиваат, на пример, фирмите на Заеви, за да се види дали има префрлање на буџетски пари, дали конкурирале и добивале државни бизниси? Во исто време Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорти, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови на државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, оставаат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отуѓи делот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Заев и оние од неговиот октопод да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните фирми“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски