Жител на село Церово под истрага за поседување оружје

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 68-годишен жител на село Церово, Општина Желино, на 11 октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно , 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција 16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски