Шевченко: Го исполнив ветувањето дека Украина ќе оди на ЕП

Од:

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андреј Шевченко, ја коментираше победата (2:1) над португалскиот национален тим, синоќа во натпревар на квалификацискиот турнир за ЕУРО 2020. По оваа победа Украина избори учество на Европското првенство.

– Го исполнив ветувањето. Ветив дека ќе одиме на Европското првенство. Тешко ми е да кажам, колку многу емоции беа доживеани на натпреварот. Благодарен сум на Киев и цела Украина за нивната поддршка. Тимот ги преживеа последните 15 минути благодарение на поддршката. Момците знаат како да се борат за репрезентацијата, изјави Шевченко.

Според него, за конечниот победник клучно било првото полувреме.

– Ние малку ја сменивме тактиката и тоа се исплатеше. Знаевме каде ќе имаат слободни зони. Го ставивме Марлос малку напред. Така дојдоа два гола. Игравме компактно, не им дадовме речиси ништо. Во второто полувреме тие притиснаа. Сепак на крајот се радувавме на победата, додаде украинскиот селектор.

На табелата во Б-групата, Украина е лидер со 19 бода од сеум натпревари, Португалија има 11 од шест средби, Србија е трета со 10, Луксембург има четири бода исто така од шест натпревари, последна е Литванија со само еден бод од седум натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски