Еспер: Турската операција и попречува на борбата против терористите во Сирија

Од:

Воената операција на Турција на северот од Сирија ги попречува напорите во борбата против терористичката група Исламска држава и доведе до ослободување на многу заробени милитанти, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

-И покрај противењето и повторените предупредувања од САД и меѓународната заедница, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган нареди еднострана инвазија на северот од Сирија, која резултираше со голем број жртви, раселување, разурнувања и раст на заканата за американските воени сили, рече Еспер.

Според шефот на Пентагон, овој неприфатлив упад ја поткопа и успешната мултинационална мисија против терористите во Сирија и доведе до ослободување на многу опасни припадници на Исламска држава, пренсе Тасс.

„Заради неодговорните постапки на Ердоган, ризикот за американските сили на североистокот од Сирија достигна неприфатливо ниво. Постои ризик да бидеме зафатени од широк судир. По налог на претседателот, Министерството за одбрана го повлекува американскиот воен персонал од североистокот на Сирија“, соопшти Еспер.

Тој оцени дека едностраната акција на Турција беше непотребна и импулсивна.

-Претседателот Ердоган ја сноси целата одговорност за последиците, вклучувајќи го и потенцијалниот препород на Исламска држава, можните воени злосторства и се поголемата хуманитарна криза, рече американскиот министер за одбрана, додавајќи дека е нарушен и билатералниот однос меѓу САД и Турција.

Еспер најави дека следната недела ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел каде ќе “ги притисне“ американските сојузници да преземат колективни и поединечни дипломатски и економски мерки против Анкара .

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот