СДСМ: 146 милиони евра се инвестираат во патишта, водовод и гасовод во Пелагонискиот регион

Од:

„Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во капиталните инвестиции. Само во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра.

Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како и изградбата на пругата од Битола до Кременица.

Како дел од од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри, инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.

Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата на постоечката делница од Фариш до Дреново, проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.

Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како и изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.

За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава. Не застануваме тука, резултатите само потврдуваат дека на прав пат сме!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он