Пенс: Трамп побара од Ердоган веднаш да ја прекине инвазијата на Сирија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го повикал својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да „ја прекине инвазијата“ врз Сирија и да прогласи „моментален прекин на огнот“, изјави потпретседателот Мајк Пенс.

– САД сакаат Турција да ја запре инвазијата, веднаш да прогласи примирје и да поче преговори со курдските сили во Сирија, со цел да заврши насилството, рече Пенс.

Американскиот потпретседател рече дека наскоро ќе ја посети Турција на барање на претседателот Трамп.

Според него, Трамп бил одлучен во намерата во телефонскиот разговор со Ердоган, кој, од своја страна, ветил дека нема потреба да дојде до „напад на градот Кобане“.

САД вчера, преку претседателски декрет на Трамп, воведоа целни санкции против тројца турски министри, како форма на притисок врз Анкара да ја прекине офанзивата во Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес