Летонија: Земја со најголем економски раст во ЕУ

Од:

Летонија соопшти денеска дека ревидираните податоци потврдиле дека економијата на земјата остварила раст од 5,6 проценти во 2012 година, со што втора година по ред бележи најголем економски раст во Европската унија.

Во последните три месеци на 2012 година, бруто домашниот производ на Летонија бил за 5,1 процент над истиот период 2011 година.

Силниот економски раст се должи на земјоделството и ИТ секторот, како и заздравувањето на градежништвото, соопшти летонската канцеларија за статистика.

Економијата на квартално ниво бележи раст од 1,4 проценти во последното тримесечје на 2012 годиан во споредба со претходниот квартал.

Летонија планира идната година да го усвои еврото како единствена национална валута. Парламентот на Летонија на 31 јануари го одобри планот за премин на еврото, а на 5 март беше побарана проценка од Европската комисија за подготвеноста на земјата од 1 јануари 2014 година да почне со користење на еврото како национална валута.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он