Во „крајслер“ на автопатот Скопје-Велес пронајдени 12 мигранти, приведени две лица

Од:

На 14.10.2019 година околу 03:00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција на автопатот А1 Скопје-Велес било запрено патничко моторно возило „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25 годишно лице, во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш, информираат од МВР.

При преглед на возилото, како што се наведува во соопштението на МВР, биле пронајдени 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Возачот и сопатникот биле приведени во Полициската станица Велес, а известен е и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи