(ВИДЕО) Локвенец: Ајде на ТВ-дуел да ги споредиме визиите за Прилеп!

Од:

„Ако до завчера некој сѐ уште се сомневаше во исходот на претстојните локални избори, веќе денес со сигурност можам да кажам: после 24 март 2013 година, нашиот „Сојуз за иднината“ ќе ги даде новиот градоначалник и мнозинството од 27 члениот состав на Советот на Општина Прилеп! ПОБЕДУВАМЕ!!!

Драги мои сограѓани, Ви ветувам, целосно исполнување во предвидените рокови на сите проекти, со кои Прилеп ќе стане достоинствено место за живеење на сите.

Мораме да ја намалиме невработеноста во Општината, која достигна над 40 %. Всушност, во целата наша програма, како црвена нишка се мерките и проектите за нови работни места. Имаме решенија за невработените педагози, доктори, правници, економисти, инжињери и др.

Ветувам најмалку 5.000 нови работни места! Проектите како целосна гасификација на Прилеп и 500 микроакумулации, го гарантираат тоа.

Со проектите за индустриски зони со целосна инфраструктура во „Старо Лагово“ и „Бегова ливада“, за кои веќе имаме изготвено детални урбанистички планови, ќе го асилиме локалниот економски развој“, изјави на денешната пресконференција Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски