Почна изградбата на спортскиот центар „Јане Сандански“

Од:

Во општина Аеродром денеска почна изградбата на спортскиот центар „Јане Сандански“, кој  ќе се гради според сите стандарди на ФИБА и ЕХФ, на местото на истоимената спортска сала.

Новиот спортски центар ќе содржи две спортски сали од кои едната со капацитет од 5.360 гледачи и помошна со околу 1.000 места. Во рамки на комплексот ќе има и хотел со над 60 соби, базен, спа и модерен фитнес центар, како и многу други придружни содржини.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко, како и градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

– Денешниот камен темелник е темелник на ново спортско здание во кое ќе растат и ќе тренираат голем број нови генерации на Аеродром. Спортско здание кое ќе биде сведок на нови спортски успеси, место кадешто ќе се создаваат врвни спортисти кои ќе ја зајакнат промоцијата на општина Аеродом на национално и меѓународно ниво, истакна премиерот Груевски.

Тој посети на ограниченоста на старата сала и на неможноста спортските фанови да присуствуваат на натпреварите.

– Во нејзините историски поглавја се запишани бројни моменти на сала, радост, подеми и падови на екипите кои играа во неа, а пред се на МЗТ Скопје. Ограниченоста на салата и нејзините услови ги чуствуваа и спортистите кои години наназад во неа тренираа и настапуваа на домашни но и на значајни меѓународни натпревари. Резултатите кои се постигнуваа и кои сеуште се постигнуваат заслужуваат поинаков третман, услови и поинаква сала, рече Груевски.

Рускиот инвеститор истакна дека објектот нема комерцијален мотив, туку има голем социјален аспект и нагласи дека се што прават ќе остане за идните генерации. Се заблагодари за соработката со надлежните институции и за тоа што за кратко време се завршени сите потребни процедури за изградба на комплексот.

Градоначалникот на Аеродром очекува во новиот спортски центар да се нижат многу домашни и меѓународни успеси и младите генерации да прераснат во врвни светски спортисти.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени