Путин: Руската војска ќе се повлече ако побара идната сириска Влада

Од:

Москва ќе се повлече од Сирија ако идната влада на земјата одлучи дека руската војска треба да замине, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Оние кои се незаконски присутни во странска земја, во случајов Сирија, треба да го напуштат регионот. Тоа важи за сите земји, истакна Путин.

– Ако идната легитимна влада на Сирија рече дека не треба руските трупи да останат во земјата, тогаш тоа ќе се однесува и на Русија, додаде рускиот лидер.

Според него, Русија продолжува да размислува за странско воено присуство во Сирија со Иран, Турција и САД.

– Секогаш им велев на нашите колеги дека има потреба да се ослободи Сирија од странско воено присуство, рече Путин.

Тој, исто така, ја истакна потребата од целосно обновување на територијалниот интегритет на Сирија.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски