Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Од:

Следната недела, земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Пред овие клучни одлуки, Претседателот на Европската народна партија (ЕНП), Жозеп Дол, изрази поддршка за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија.

-Политиката за проширување на ЕУ е една од најуспешните алатки за воспоставување стабилност и мир на нашиот континент. Одлуките што треба да ги донесат земјите-членки нема да влијаат само на стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан, туку и на нашиот континент како целина. Време е да испратиме силен сигнал и да останеме верни на нашите заложби за регионот, вели французинот Жозеп Дол, кој е претседател на Европските народни партии.

Северна Македонија и Албанија постигнаа напредок во согласност со барањата за отворање на овој процес. Иако останува да се направи многу, отворањето на разговорите за пристапување е следниот природен чекор. Граѓаните, а особено младите, од Северна Македонија и Албанија заслужуваат европска перспектива, бидејќи останува извор на мотивација и решеност за тие земји и поширокиот регион да продолжат со потребните реформи за понатамошно спроведување на владеењето на правото, зајакнување на судството, борба против корупцијата, подобрување на соседските односи и гарантирање на независност на медиумите, се вели во соопштението на ЕНП.

-Одлуката следната недела е историска и одлучувачка за иднината на нашиот континент. Патот за членство за Северна Македонија и Албанија ќе биде долг, но тоа е пат што треба да го градиме заедно и не смееме да изгубиме динамика. Земјите од Западен Балкан се нашите најблиски историски, географски и економски партнери. ЕУ нема да биде целосна додека регионот не биде дел од нашата унија, потенцира Дол.

Би можело да ве интересира

Врховен суд ќе одлучува дали Доведен ќе биде изземена од предметот со петгодишното дете

Предраг Петровиќ

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам или слични идеологии