Куновска најави економски и туристички подем во Бардовци

Од:

Отворање нова економска зона, реставрација на Хавзипашини конаци и промоција на локалитетот Скупи, во соработка со Министерството за култура, се само дел од проектите што ги најави денеска кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска за реализација во населбата Бардовци.

– Како еден од најголемите проекти е отворањето економска зона која е во близина на обликолницата, а ќе се искористи и железничката пруга која е во близина. Со оваа зона, ќе се отворат нови работни места, што позитивно ќе влијае на развојот на населеното место Бардовци. Предвидена е и реставрација на Хавзипашините конаци, како и промоција на локалитетот Скупи со што Бардовци ќе прерасне во атрактивна туристичка дестинација, рече Куновска.

Како дел од планираните проекти најави и реконструкција на Психијатриска болница Бардовци, заедно со Министерството за здравство, како и реконструкција на спортските сали и изградба на спортско-рекреативен комплекс Бардовци, на местото на сегашните игралишта.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“