Бакрачески најави изградба на нов, покриен зелен пазар во Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески најави изградба на современ покриен зелен пазар, со сите стандарди предвидени за објект со таква намена.

– Ќе изградиме современ зелен пазар со сите придружни објекти, што ќе ги исполнува хигиено-епидемиолошки и санитарно-технички услови за подражба на храна, а истовремено во архитектонска смисла убав објект што ќе му даде убаво лице на градот, рече Бакрачески при денешната посета на Градскиот пазар во Охрид.

Нагласи дека неговите заложби се од пазарот да направи место што ќе придонесе за враќање на традиционалните вредности на охриѓани, каде покрај продажбата на препознатливите производи, земјоделците и куѓувачите ќе можат да се среќаваат, да си поприкажат…

За сегашниот изглед на пазарот, Бакрачески констатираше дека тоа е многу неугледна глетка што го прави неугледен градот, не само за охриѓани, туку и за туристите кои доаѓаат тука.

– Долги години наназад локалната власт и актуелниот градоначалник постојано ветуваа изградба на пазар. Граѓаните мрзнат на снег и дожд за да ги продадат своите прозиводи. Наспроти тоа , новиот пазар ќе биде едно од убавите лица на градот, граѓаните знаат да го препознаат тоа, да претпочитаат дела,  а не зборови, нагласи Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември