Курдите почнаа евакуација на бегалски камп во Сирија

Од:

Претставници на сириските Курди денеска соопштија дека започнале евакуација на луѓето од кампот за раселени лица, кој се наоѓа во близина на турската граница, поради „инвазијата“ на Анкара во североисточна Сирија.

Претставниците на Курдите соопштија дека турски гранати паднале во близина на кампот Мабрука, поради што е наложена евакуација.

Луѓето од кампот ќе бидат пренесени во друг камп, на југот на земјата.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека во тек се интензивни судири меѓу сириските Курди и групите предводени од Турција на периферијата на Рас ел Ајин.

Кампот Мабрука се наоѓа на 12 километри од границата со Турција и засега не е познато дали има повредени. Околу 7.000 раселени лица живеат во камп Мабрика, кои побогнале од своите домови поради насилствата од страна на припадниците на т.н. Исламска држава.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение