Панов во посета на училишта во Ваташа, каде се реализирани проекти за енергетска ефикасност

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Александар Панов денеска во рамки на предизборните активности се сретна со вработените во Домот на културата „Иван Мазов Климе” и го посети село Ваташа.

– Изградивме термофасада на детската градинка во селото Ваташа каде се вложени значителни средства за изолација и нова фасада. Целта е постигнување на енергетска ефикасност. Во овој објект е изградена и модерна кујна од каде со храна се снабдуваат сите 4 клона на градинката „Рада Поцева”. Наскоро ќе биде пуштена во работа и нова градинка во селото. Заради енергетска ефикасност нова термофасада поставивме и во основното општинско училиште „Димката Ангелов Габерот” во ова село. Тука го сменивме и покривот, а изградивме и спортска сала за учениците, рече меѓу другото Панов по посетата на Ваташа.

Во домот на културата “Иван Мазов Климе” со поддршка на градоначалникот на Кавадарци во изминатите 4 години се реализирани неколку проекти за подобрување на условите во културниот дом во кој се оддржани неколку стотини културни настани.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?