Хрват се обеси како „пример за другите“

Од:

Триесетогодишниот Хрват, Дејан Дмитровиќ се обеси, со цел, како што објави во последната порака на својот Фејсбук профил, да биде „пример за другите“, објави „Јутарњи лист“, додавајќи дека објавата ја наменил на движењето „Окупирај ја Хрватска, Владата на Хрватска и на сите благодарни луѓе“.

dean-dmitrovic

Дејан во пораката ги поздравува сите објавувајќи дека „заминува на годишен однмор“, но набрзо потоа додал дека му е „доста од политичко-тајкунската елита“.

Веста за неговата смрт ја објавија активистите на движењето „Окупирај ја Хрватска“, на кое Дејан исто така му се обраќа во последната порака.

– Дејан Дмитровиќ си пресуди сам на себе и го прекина неговиот млад живот наводно поради долг кон државата. Неговиот последен статус на Фејсбук ни го упати нам и со тоа на некој начин не задолжил да се бориме уште повеќе против ганкстерските и мафијашките ѕверови на кои не им значи ништо човечкиот живот, сеедно дали е  стар или млад,, напиша движењето на својата Фејсбук страницата.

Главна цел на хрватското движење е „борба против капиталистичкиот систем“ и заложба за „радикални општествени промени и повлекување на неолилбералните структури“, затоа што смета дека политичките партии се интересираат за граѓаните само пред изборите, а синдикатите работниците ги оставиле на цедило.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка