Каратистите на Макпетрол освоија вкупно 15 медали од кои, седум златни, три сребрени и пет бронзени медали, на интернационалниот карате турнир одржан викендов во Аранѓеловац (Србија).
На овој турнир освен од Македонија и домаќинот Србија учествуваа и натпреварувачи од Црна Гора.
Во Генерален пласман Макпетрол успеа да го освои третото место.
Златни медали освоија: Симон Антиќ У21 +78 кг, Емануел Ристевски, јуниор, +76 кг, Којовска Ива -47 кг, Тодоровски Стефан -57 кг, Мојсовска Ангела, кадетка -54 кг, Екипата во борби за мажи и за жени.
Сребрени медали освоија Димитриевиќ Никола, јуниор, -61 кг, Таневски Игор, јуниор -68 кг, Крстевска Кристина, јуниорка, +59 кг.
Со бронзи се закитија; Сара Радичевска У21 -53 кг, Симона Заборска У21 -60 кг, Петар Заборски, кадет -70 кг, Орхан Билали, јуниор -76 кг, Давид Јовевски, У21 -78 кг, Мики Стојмановиќ, јуниор +76 кг, Селена Таушанова -54 кг и Пендаровска Моника, кадетка, -47 кг.